Кај учениците освен знаења треба да развиваме и креативност, иновативност, критичко мислење, вештини за донесување одлуки, соработка и комуникација, локално и општествено граѓанство, лична и општествена одговорност, културна свесност итн.
Во овој курс се нагласува потребата од унапредување на наставната пракса и развивање на активности за учење во кои учениците освен знаења од областа на наставниот предмет ќе развијат и компетенции, со кои подоцна подготвени ќе можат да одговорат на предизвиците од живеењето во 21век.